Servet Günerigök
02 Октомври 2018•Ажурирај: 03 Октомври 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Властите на Соединетите Американски Држави (САД) следната година ќе ѝ испорачаат на Турција уште два авиона „F-35“, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на програмата за производство на бомбардерите „F-35“, адмиралот Мет Винтер, синоќа во Арлингтон истакна дека очекува двете летала на Турција да ѝ бидат испорачани во март.
Турција планира да купи флота од 100 авиони „F-35“.
„Не гледам никакви назнаки дека нешто може да се промени во реализацијата на проектот за испорака на 100 авиони на Турција“, рече Винтер.
Тој, исто така, нагласи и дека неговата канцеларија подготвила технички и програмски информации за извештајот којшто Пентагон треба да го поднесе до Конгресот во текот на првите 90 дена следната година.
Турција кон крајот на јуни ги прими првите два авиона „F-35“ и моментално турските пилоти се на обука во САД.
Станува збор за воен авион на компанијата „Lockheed Martin“ (Локид Мартин), кој претставува еден од најскапите производи на американската воена индустрија. Леталото чини 100 милиони долари.
Турција од 1999 година е учесник во меѓународната програма за производство на „F-35“ и нејзини компании произведуваат дел од деловите за авионот.