Fatih Hafız Mehmet
03 Септември 2019•Ажурирај: 04 Септември 2019
БЛЕД/АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, ги критикуваше изјавите на словенечкиот претседател Борут Пахор за понудата на Турција за „посебен статус“, наместо полноправно членство во Европската Унија (АА), јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање на 14. Бледски стратешки форум Блед во Словенија, Чавушоглу рече дека Пахор до минатата година цврсто се залагал за членство на Турција во ЕУ.
„Не знам што го натера да се предомисли. Веројатно [францускиот претседател Емануел] Макрон и некои други. Но треба да постои принцип на континуитет на државата, исто така и на ЕУ“, истакна Чавушоглу.
Тој нагласи дека Турција е подготвена да отвори ново поглавје во преговорите со ЕУ, доколку прашањето е поврзано со стандардите и обврските.
Чавушоглу рече дека доколку Турција не ги исполни референтните точки за отворање или затворање, тогаш Турција не може да биде членка.
„Но доколку Турција ги исполни референтните точки на поглавјата, тогаш ние, всушност, треба да ги продолжиме нашите преговори“, додаде тој.
Словенечкиот претседател Борут Пахор рече дека ќе предложи „посебен статус“ за Турција и Украина, а полноправно членство во ЕУ за земјите од Западен Балкан.
Турција аплицираше за членство во Европската економска заедница (претходникот на ЕУ) во 1987 година. Стана подобна за членство во ЕУ во 1997 година, а пристапните преговори ги започна во 2004 година.
Но преговорите беа запрени во 2007 година поради противењето на администрацијата на грчки Кипар, како и на Германија и Франција.