Gökhan Kavak
29 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
МОГАДИШУ
Седум лица загинаа како резултат на експлозијата која се случи откако возило помина врз мина поставена покрај патот во Сомалија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Новинската агенција на Сомалија (SONNA), експлозијата се случила на патот помеѓу местата Кисмајо и Доблеј во сомалискиот регион Џуба.
Во нападот загинаа седум лица, меѓу кои и шестмесечно бебе.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Терористичката организација Ел-Шебаб често врши напади таргетирајќи ги безбедносните сили и цивилните населени места.