Diyar Güldoğan, Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
01 Август 2022•Ажурирај: 02 Август 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот министер Хулуси Акар денес изјави дека бродот со жито што тргнал од украинското пристаниште Одеса ќе стигне во Истанбул утре 12 часот по локално време.
„Бродот ќе биде закотвен во близина на брегот на Истанбул околу 15:00 часот (по локално време) за заедничка инспекција“, изјави Акар во уредничкиот деск на Агенција Анадолија во главниот град Анкара.
Акар ја даде оваа изјаватоткако првиот брод со жито рано утринава тргна од украинското пристаниште во Одеса за Либан. Натоварен со пченка, утре во Истанбул пристигнува бродот „Разони“ под знамето на Сиера Леоне, што ќе продолжи кон пристаништето во Триполи по инспекциите во турската метропола. Бродот превезува 26.527 тони пченка.
Турскиот министер изјави дека ќе продолжат напорите за испорака на жито од Украина, додавајќи дека тука се работи за „хуманитарно прашање“.
„Следните бродови ќе продолжат исто така без никакви пречки“, нагласи тој.
Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина минатата недела потпишаа договор за повторно отворање на трите украински пристаништа - Одеса, Черноморск и Јужни - за житото со месеци блокирано поради тековната Руско-украинска војна, што веќе влезе во шестиот месец.
Со цел да се нагледува извозот на украинско жито, центарот беше официјално отворен во средата, а се состои од претставници на Туркије, ОН, Русија и Украина за да се овозможи безбеден транспорт со трговски бродови на комерцијални прехранбени производи и ѓубрива од три клучни украински пристаништа во Црното Море.
Акар рече дека мора да се реши глобалната криза со храна, додавајќи дека таа е „до точка што може да предизвика миграција. Тоа може да донесе сериозен бран на миграција од Африка кон Европа и Туркије“.
Во врска со житото и хемикалиите кои чекаат испорака од руските пристаништа, Акар рече дека на Туркије ќе ѝ претставува задоволство да придонесе и за тоа прашање.
- Напорите во борбата на Туркије против тероризмот -
Тврдејќи дека Туркије решително ќе продолжи со своите антитерористички операции, турскиот министер за одбрана рече дека само оваа година биле неутрализирани вкупно 2.226 терористи.
Акар нагласи дека не постои разлика меѓу терористичката организација ПКК и ЈПГ, нејзиниот сириски огранок.
Во нејзината 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, вклучително жени, деца и доенчиња.
„Единствената цел на Туркије е да ја заштити безбедноста на своите граѓани и „нема фрлено око“ на територијата на ниедна друга земја“, изјави Акар.
Тој додаде дека единствени цели на антитерористичките напори на Туркије се терористите и укажа на напорите на турските сили за осигурување на безбедноста на локалните етнички групи.
Акар, исто така, ја истакна борбата на Туркије против терористичката организација ДЕАШ и во северна Сирија и во Ирак.
„Анкара очекува земјите да разберат дека нејзини единствени цели се терористите“, рече Акар, додавајќи: „Направивме напори да го стабилизираме регионот.“
Туркије беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш, во земјата се извршени повеќе напади од страна на терористичката организација, и тоа 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки и 4 вооружени напади во кои загинаа 315 луѓе, а повредени беа стотици.
Како одговор на тоа, Туркије започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи понатамошни терористички напади.