Sarp Özer
01 Август 2022•Ажурирај: 02 Август 2022
АНКАРА (АА) - Првиот брод што ја напушта Украина во рамките на историскиот договор за извоз на жито, денес тргна од пристаништето во Одеса, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за национална одбрана на Туркије (Турција) соопшти дека како резултат на средбите на министерот за национална одбрана Хулуси Акар со колегите министри од засегнатите страни и интензивната работа на Заедничкиот координативен центар во Истанбул, било договорено првиот брод натоварен со жито да тргне од пристаништето во Одеса во 08:30 часот.
„Бродот се очекува да пристигне во Истанбул на 2 август“, се вели во соопштението, и се додава дека бродот ќе продолжи со патувањето по инспекциите во турската метропола.
Се истакнува дека товарниот брод „Разони“ со знаме на Сиера Леоне, натоварен со пченка, ќе замине за Либан: „Ова ќе се испорачува во рамките на „Иницијативниот документ за безбедна испорака на жито и прехранбени производи од украинските пристаништа“ потпишан меѓу Туркије, Руската Федерација, Украина и Обединетите нации (ОН) на 22 јули 2022 година.