Fuat Kabakcı
01 Август 2022•Ажурирај: 01 Август 2022
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, вечерва оствари одвоени телефонски разговори со министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, и со министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала Шварц, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што соопшти Министерството за надворешни работи на Туркије, Анкара придава големо значење на мирот и стабилноста на Балканот.
Чавушоглу во разговорите истакна дека новите тензии во регионот не се од корист никому и нагласи дека здравиот разум мора да надвладее.
Чавушоглу порача дека Туркије е подготвена да направи сѐ со цел намалување на тензиите.