Sarp Özer
18 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на турската армија генерал, Хулуси Акар, отпатува во официјална посета на Русија, каде што ќе се состане со началникот на Генералштабот на Руската армија, Валери Герасимов, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Москва ќе се одржи средба меѓу челниците на турските и руските вооружени сили, а ќе присуствува и шефот на Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ), Хакан Фидан.
Од турскиот Генералштаб е најавено дека главната тема на состанокот ќе биде регионалната безбедност со фокус врз развојот на настаните во Сирија и мировните процеси што се случуваат во Астана и Женева.