Sarp Özer
18 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Пограничните единици на Вооружените сили на Турција (ТСК), се на највисок степен на приправност поради можната акција во Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите во Африн претставуваат директна закана за граничната безбедност на Турција. Многу од нив по обуката во Африн преминуваат преку планините Аманос во Турција.
Во последно време, често се зборува за прекуграничната акција која Турција, во согласност со правата произлезени од меѓународните договори, би можела да ги изврши.
Тенковите, кои се со цел јакнење на единиците на границата со Сирија, дојдоа до подрачјето Хаса и Кирикхан, во турската покраина Хатај. Тенковите се упатени во рамките на безбедносните мерки.
Советот за национална безбедност на Турција вчера соопшти дека таа земја нема да дозволи формирање на терористички коридор долж нејзината граница.
„Турција нема да дозволи формирање на терористички коридор до нејзината граница, како ниту формирање на терористичка војска. Ќе бидат преземени сите потребни мерки на претпазливост по тоа прашање“, се наведува во соопштението по заседанието на Советот.