Zuhal Demirci
18 Јануари 2018•Ажурирај: 19 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Симболот на палестинскиот отпор по спорното американско признавање на Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел, Февзи ал -Џунејди, го посети седиштето на АА во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA)
На повик на општината Есенлер, 16-годишниот Ал Џунејди престојува во посета на Турција, а денес во седиштето на АА во Анкара беше примен од страна на претседателот на Управниот одбор и генералниот директор на агенцијата, Шенол Казанџи, и главниот уредник Метин Мутаноглу.
Во придружба на Ал Џунејди беа неговиот татко Мухамед ал Џунејди и началникот на општина Есенлер, Мехмет Тефик Ѓоксу.
Станува збор за момче кое израелските сили брутално го уапсија на 7 декември во Хеброн, каде што се одржуваа протести по повод американското признавање на Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел.
Фоторепортерот Висам Хашламун направи фотографија од тоа апсење, на која се гледа како голем број вооружени војници го носат момчето со превез на очите.
Токму таа фотографија ја освои првата награда на натпреварот за Избор за најдобра фотографија на АА за 2017 година.
Израелскиот воен суд Офер го пушти Ал Џунејди да се брани од слобода, откако за него беше платена кауција, а новото рочиште е закажно за 19 февруари.
Ал Џунејди во Анкара беше примен и во кабинетите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и турскиот премиер, Бинали Јилдирим.
За време на приемот, Ердоган ја покажа фотографијата на фоторепортерот Хашламун и истакна дека лично учествувал во изборот за Најдобра фотографија на АА за минатата година и дека гласал токму за таа фотографија.