Mehmet Çalık
01 Август 2022•Ажурирај: 10 Август 2022
УШАК (АА) - Античкиот град Блаундус во турската област Ушак во регионот на Егејското Море ги пречекува љубителите на ноќната фотографија, кои доаѓаат да направат фотографии од античките урнатини, јавува Агенција Анадолија (АА).
Античкиот град, основан во 4-3 век пр. н. е. од оние кои дошле од Македонија за време на анадолскиот поход на Александар Велики, подоцна бил поврзан со Кралството Пергамон и Римската Империја.
Посетителите кои влегуваат во градот имаат можност да ги видат илјадниците антички карпести урнатини на падините на долината. Градот се граничи со длабоки долини што се протегаат низ кањонот Улубеј.
Обиколувајќи го градот низ историските урнатини по земјен пат што наликува на пешачка патека, посетителите пристигнуваат во областа на некрополата и храмот на Деметра, позната во митологијата како божица на земјоделството и плодноста.
На едниот крај на градот има три градби кои се истакнуваат со вештата поставеност на камените блокови.
Посетителите, љубители на фотографијата од околните региони, се пречекани од камените структури кои пленат со својата мистериозност.
Особено во ноќта, фотографите користат техники за долга експозиција и за фотографирање на ѕвезди со цел да доловат уникатна глетка на урнатините од античкиот град и ѕвезденото небо.