Amina Zorniç
28 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
ХАЈБЕР ПАНТУКВА (АА) - Жените на народот Калаш во Пакистан, од раѓањето па сè до староста сите свои активности ги извршуваат облечени во рачно изработена традиционална облека со разни бои и дезени.
Овие верни чувари на традицијата му припаѓаат на Калаши народот, најмалата верска заедница која го населува Пакистан. За себе тврдат дека се потомци на познатиот освојувач Александар Македонски.
Според тамошните преданија, народот влече корени од генералот Шалак Шах од Циама, на кого на управување му е дадена областа во којашто денес живеат Калашите.
Сместено во долината, племето брои 4.000 луѓе кои со децении го чуваат својот идентитет на една богата и колоритна култура.

Долината Читрал, освен на Калашите дом е и на жителите од исламска вероисповед. Тамошните муслиманки најчесто носат хиџаб, додека жените на Калашите се издвојуваат со својата колоритна народна носија.
Освен со носиите, жените се украсуваат и со водени бои, перја на птици, каменчиња и бисери.
Колоритниот сплет на бои на облеката на жените е внимателно одбран, со украсени рабови на ракавите и ногавиците, со извезени цветови, со женски капи, марами, со исцртани раце и лице, додека косата на речиси сите жени Калаши се сплетени во плетенки.
Негувајќи ги своите обичаи, Калашите и денес живеат во куќи од камен, своите тела, облека и садови ги мијат на изворите и во коритата на реките. Познати се собирите и дружењата на тамошните жени, на кои се подготвуваат разни јадења од пченка, пченица, ореви, кајсии и дудинки.
Долината којашто ја населуваат Калашите е вистински рај за туристите поради тиркизните реки и планинските масиви покриени со снег.