живот

Кројач од Коња крои минијатурна облека: Креации од неколку милиметри и сантиметри

Турскиот кројач од Коња, Кансим Андач, во 2016 година сошил пантолони од 9 милиметри, а потоа јакна од 11 сантиметри

Anıl Kuru  | 25.01.2020 - Обновена : 27.01.2020
Кројач од Коња крои минијатурна облека: Креации од неколку милиметри и сантиметри ( Foto: Orhan Şeref Akkanat/ Anadolu Agency )

КОЊА (AA) – Турскиот кројач од Коња, Касим Андач, познат е по минијатурната облека која почнал да ја крои поради обложување со татко му.

Во разговор за Агенција Анадолија (АА), Андач раскажа дека претходно сошил пантолони од 9 милиметри, а потоа јакна од 11 сантиментри, која ги има сите карактеристики на џинс-јакна во реална големина.

„Во 2016 година сошив пантолони од 9 милиметри. Тоа беше првпат да работам нешто помало од сантиметар. Откако го исполнив тој предизвик, размислував за џинс-јакна. Вложив многу труд за да ја сошијам“, рече Андач.

Касим ја продолжи професијата на неговиот татко Иса Андач, кој во 2006 година сошил пантолони од 7,5 сантиметри, во 2011 година од 5 сантиментри и во 2012 година од 2,5 сантиметри.

Касим Андач го прифатил предизвикот откако татко му му рекол дека никој не може да сошие нешто помало од тоа.

„Се обложив со татко ми дека ќе успеам. Беше стар и поради болеста мораше да ја напушти работата. Го загубивме минатата година“, рече Андач.

Појасни дека изработка на минијатурна облека бара голем труд и значителна посветеност на деталите, а изработката трае неколку дена.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın