АНКАРА (АА) - Аеродромот „Истанбул“ надмина голем дел од најголемите европски аеродроми не само во јуни, туку и од почетокот на пандемијата на Ковид-19, изјави Оливие Јанковец, директор на Меѓународниот совет на аеродромите на Европа (ACI Europe), јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Меѓународниот совет на аеродромите на Европа (ACI Europe) објавени минатата недела, аеродромот во Истанбул бил најпрометниот европски аеродром во јуни, со 5.996 милиони патници, што е речиси повеќе од нивото пред пандемијата со коронавирусот.
„Ова првенствено го одразува фактот дека Република Туркије имала помали рестриктивни пристапи од другите европски држави кога е во прашање карантин и ограничување на патувањата“, рече Јанковец во ексклузивното интервју за АА.
Според неговите зборови, големиот домашен пазар е втор важен фактор за успехот на овој аеродром, со оглед дека домашниот воздушен сообраќај бил поотпорен во текот на пандемијата.
„Конечно, аеродромот Истанбул има корист од своите најсовремени објекти и квалитетна инфраструктура и услуги, заедно со силната и амбициозна мрежа на домашни авиокомпании (Turk Havayollari), чија мрежа на рути е разновидна и навистина глобална“, рече Јанковец.
Ахмет Болат, претседателот на Управниот и Извршниот одбор на турската авиокомпанија „Турк Хавајолари“ за АА изјави „Зоните за пријави на истанбулскиот аеродром, процесите на испорака на багаж, паркингот на авионите и такси објектите, како и пружањето предности на нашите гости во секоја фаза на патувањата, ја зголемија неговата предност.“
- Неволји по пандемијата во Европа -
За кризата на многу европски аеродроми предизвикана со доцнења, откажувања на летови и штрајкови, Јанковец рече дека учесниците во тој сектор се борат да го задоволат бумот на побарувачка за патувања по пандемијата.
Според неговите зборови, откако беше тешко погоден од пандемијата, воздушниот сообраќај доживеа динамично закрепнување од почетокот на пролетта, а аеродромите и авиокомпаниите ги затекна ненајавеното укинување на ограничувањата за патувања во голем број од европските земји.
„Истовремено, за многу аеродроми, но и компании, кои ја намалија работната сила за можат да опстанат, беше предизвик да се вратат работниците на работа на аеродромите“, рече Јанковец.
Нагласи дека било тешко да се подобрат капацитетите и услугите за да се одговори на наглото зголемување на порастот на побарувачката за авиопревоз.
Јанковец додаде дека за вработување нов персонал на аеродромите е потребно време поради безбедносните проверки и обуки.
Според неговите зборови, мај и јуни на некои аеродроми беа многу тешки поради спојот на овие фактори, но голем број патници во Европа сепак летале без поголеми пречки, а ситуацијата постепено се подобрува.
Болат истакна дека сите во оваа индустрија презеле бројни финансиски мерки за да одржат ликвидност и да преживеат во текот на пандемијата, како што е отпуштање работници, што предизвикало криза во Европа.
Тој нагласи дек директните работни места во воздухопловството се намалени за 21 отсто во споредба со периодот пред пандемијата, 10 отсто во авиокомпанијата и пет отсто на аеродромите.
- Турк Хавајолари - разликата се исплаќа
Болат рече дека неможноста за задоволување на брзиот раст на побарувачката за патувања ќе ѝ наштети на оперативната ефикасност, но и ќе го забави растот на авиокомпаниите.
Тој нагласи дека спротивно од тоа Турк Хавајолари го задржала нивото на работна сила во текот на пандемијата, давајќи обука на вработените и подготвувајќи се за периодот по пандемијата.
„Денеска јасно го гледаме придонесот на оваа посветеност на нашата ефикасност“, рече Болат.
Јанковец истакна дека силните инфлациски притисоци, кои се последица на војната во Украина, создаваат неизвесност за оваа и следната година.
„Така што гледаме значајни притисоци од побарувачката, што ќе доведе до негативни ризици за авиосообраќајот низ европската мрежа на аеродроми“, додаде Јанковец.
'ACI' прогнозира дека патничкиот сообраќај во 2022 година ќе биде 22 отсто под нивото пред пандемијата, а целосното закрепнување се очекува во 2024 година.
Болат истакна дека ситуацијата во американската економија во два квартали по ред, што го поттикнува стравот од рецесија, со висока инфлација во светот, руско-украинската војна и повисоките цени на горивото би можеле да влијаат на изгледите за претстојниот период.
„Меѓутоа, нашето искуство ни покажува дека авијацијата ги надминала сите проблеми и успеала да продолжи да расте. Во тој поглед гледаме светла иднина и за светската авијација и за Турк Хавајолари“, рече Болат.
news_share_descriptionsubscription_contact
