Sarp Özer
09 Мај 2017•Ажурирај: 10 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Делегација од Турција којашто, меѓу останатото, ја сочинуваа началникот на Генералштабот на таа земја, Хулуси Акар, портпаролот на Претседателството, Ибрахим Калин, и шефот на разузнавачката служба, Хакан Фидан, вчера во Белата куќа се состанаа со американските официјални лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Делегацијата на САД беше предводена од советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Херберт Рејмонд Мекмастер.
Претставниците на двете земји разговараа за ситуацијата во Сирија и во Ирак, борбата против тероризмот, билатералните односи и за другите безбедносни прашања.