Sorwar Alam
09 Мај 2017•Ажурирај: 09 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, најави дека мировните преговори за Сирија, меѓу претставниците на сирискиот режим и опозицијата ќе бидат продолжени на 16 мај, во Женева, јавува Anadolu Agency (AA).
„Специјалниот пратеник Стефан де Мистура ќе ги обнови сириските преговори под мониторинг на ОН, на 16 мај во Женева“, се наведува во соопштението од канцеларијата на Де Мистура“.
Тој изрази надеж дека договорот за формирање безбедносни зони постигнат минатата недела во Астана, меѓу Турција, Русија и Иран, ќе биде во потполност спроведен.
Де Мистура овој месец се обрати пред Советот за безбедност на ОН.
Шестгодишната војна во Сирија и хуманитарната криза што таа ја донесе однесоа стотици илјади животи, а милиони лица се раселени од своите домови, што предизвика бегалска криза во регионот, но и во светот.