Rabia İclal Turan
06 Септември 2023•Ажурирај: 07 Септември 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) ги поздравуваат напорите на Туркије да ја убеди Русија да се врати на Црноморскиот договор за жито, соопшти Стејт департментот, јавува Анадолу.
„Продолжуваме да соработуваме со ОН и Туркије, кои работеа многу напорно за иницијативата за црноморско жито да стане можна и функционална“, изјави за новинарите заменик-портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател, одговарајќи на прашањето за состанокот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи.
Тој ѝ се заблагодари на Туркије, нивниот сојузник во НАТО, за важната улога во напорите за враќање на Црноморската иницијатива за жито на вистинскиот пат.
Пател истакна дека одлуката на Русија да го прекине своето учество во Иницијативата за извоз на жито преку Црното Море „ги повредува заедниците кои се ранливи на несигурноста во храна низ целиот свет“.
Турскиот претседател во понеделникот престојуваше во еднодневна работна посета на рускиот приморски град Сочи, каде што со рускиот претседател Владимир Путин разговараше за регионални и глобални прашања, како и за билатералните односи. Оживувањето на минатогодишниот историски договор за жито, кој помогна за ублажување на глобалната криза со храна, беше главното прашање на агендата на состанокот.