06 Септември 2023•Ажурирај: 07 Септември 2023
ХАРКОВ (АА) - Граѓаните кои живеат во североисточниот град Купјанск, во подрачјето на Харков, евакуирани се во источните делови од градот, јавува Анадолу.
Нападите во подрачјето на Харков, еден од најголемите земјоделски региони во Украина, во близина на руската граница, продолжуваат да ги оштетуваат населбите.
Купјанск, важна железничка раскрсница, некогаш беше под руска контрола, но повторно е заземен во септември 2022 година за време на украинската контраофанзива.