Sinan Uslu
22 Март 2018•Ажурирај: 23 Март 2018
АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на Турција Хулуси Акар за време на посетата на штабот и командните места на Турската армија во Килис и Хатај кои се наоѓаат во јужниот дел на Турција, истакна дека луѓето полека почнуваат да се враќаат во местата ослободени од терористи во операцијата „Маслинова гранка" во Африн во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Генералштабот на вооружените сили, се наведува дека Акар за време на посетата рече дека областа на Африн во голема мера е исчистена од терористи.
Тој, исто така истакна дека и во Африн, по преземањето на контролата над центарот на градот, во моментов се прават потребни напори за отстранување на мини и експлозиви рачно изработени.
Началникот на Генералштабот,Акар, потсети дека во текот на операција, целите на турската армија беа само складиштата, положбите, оружјето и опремата на терористите, додавајќи дека се превземени сите потребни мерки цивилите да не бидат жртви.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право, засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН односно на правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.