Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
22 Март 2018•Ажурирај: 23 Март 2018
ИДЛИБ (АА) - Најмалку 28 цивили загинаа во воздушниот напад извршен врз пазар во градот Идлиб во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на Цивилната заштита на Идлиб, Мустафа ел-Хај Јусуф за АА изјави за дека нападот, кој беше извршен во вечерните часови, на местото каде што се наоѓа пазарот загинаа 28 цивили, а беа повредени 26.
Тој посочи дека единиците за цивилна заштита беа распоредени на терен за да им помогнат на повредените, изразувајќи страв од зголемување на бројот на жртвите.
Сириската опозиција преку социјалните мрежи тврдеше дека нападот бил извршен од страна на руски авиони.
„Руските воени авиони, кои избегаа од базата на Кмеимим, извршија напад врз местото Харем", се вели во соопштението.
Во воздушните напади во населените места во Идлиб и Хама, само во изминатите две седмици загинаа 84 цивили.