Nuran Erkul Kaya
30 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
На 567. годишнина од освојувањето на Истанбул, турскиот брод за сондажни истражувања испратен е денес од Истанбул низ Босфор кон Црното море, а министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Фатих Донмез откри дека бродот со првите истражувања започнати на 15 јули на локацијата Дунав-1, јавува Агенција Анадолија (АА).
Донмез, на церемонијата на испраќање на бродот во Истанбул, потсети дека бродот Фатих со своите први истражувања почна пред две години во Средоземното море, каде успешно заврши четири дупчења.
„На 567. годишнина од освојувањето на Истанбул, овој пат бродот го праќаме во Црното море. 103 метри високите кули на бродот Фатих се отстранети, за да без проблем помине низ мореуз. Се надеваме дека до градот Трабзон ќе стигне до 1 јуни и кулите таму ќе бидат повторно поставени", рече Донмез.
Наведе дека турскиот брод „Фатих", по подготовките кои се одвиваа месец и половина, ќе ги запалат моторите на 15 јули во Црно море, на локацијата Дунав-1.
Откри дека турскиот тим веќе година дена изведува сеизмички дупчења во Црното море и тамошните податоци се проценети. Длабочината на морето на тој локалитет ќе биде 2.000 метри, а сондажните бушења ќе се вршат на 3.500 до 4.000 метри.
Донмез рече дека првата првите истражувања на нафта во Либија можат да се очекуваат во рок од три до четири месеци.
„Фатих" е првиот турски брод за дупчење , чија должина изнесува 229 метри, ширина 36 метри и тежина 51.283 тони. Долг е речиси колку и Ајфеловата кула.
По дупчењето во источниот Медитерал бродот на 10 април стигнал во Истанбул и запловил во пристаништето Хајдарпаша.
Пред почетокот на дупчењето во Црното море, извршени се сите потребни технички подготовки за да се обезбеди негово поминување низ Босфорот.
Бродот за дупчење „Фатих" е направен во Јужна Кореја во 2011 година, поседува врвна технологија на шестата генерација.
Во процесот на неговата надградба извршени се техничките компоненти, вклучувајќи ја опремата за дупчење, системи за управување со бушотините, динамички системи за позиционирање, бродски пропулзори и бродски генератори.
Се работи за брод кој во својата класа од 16 е сврстен меѓу 5 најдобри бродови за дупчење во светот.
Турскиот брод за дупчење поседува способност да изведува дупчење на морско дно под многу висок притисок на длабочина поголема и од најдлабокиот морски басен Мариан, најдлабоката точна на светот, која се наоѓа на длабочина од 12.200 метри.
Неговото постројување за дупчење е долго 64 метри, а носивоста на две такви постројувања изнесува 1.750 тони.
Благодарејќи на системот на позиционирање, бродот може непречено да изведува операции дури и кога морските бранови достигнуваат висина и до шест метри.