Fahri Aksüt
30 Мај 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
ИЗМИР (АА) - Турската крајбрежна стража спаси 60 мигранти во Егејското Море, јавува Агенција Анадолија (АА).
По дојавата, екипите за спасување стигнале до мигрантите кои се наоѓале во гумен чамец, што бил истуркан назад во турските територијални води од страна на Грчката крајбрежна стража.
Мигрантите, од кои 28 лица биле од Конго, 23 од Авганистан, пет од Еритреја, двајца од Мали, еден од Нигерија и еден од Сомалија, се спасени недалеку од брегот на Дикили во турската егејска област Измир.
Како што истакнаа турските претставници, меѓу мигрантите имало и жени и деца.
Тие се однесени во обласната канцеларија за миграции.
Турција е една од главните рути за мигрантите кои сакаат да стигнат до Европа, особено по почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година.
Турција згрижува речиси 4 милиони Сиријци, повеќе од која било друга земја во светот.