Турција

Турските сили неутрализираа двајца терористи на ПКК во северен Ирак

Турското Министерство за одбрана порача дека операциите на турските сили ќе продолжат сè додека биде неутрализиран и последниот терорист

Barış Gündoğan  | 30.05.2020 - Обновена : 30.05.2020
Турските сили неутрализираа двајца терористи на ПКК во северен Ирак

АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани двајца терористи на ПКК во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Турското Министерство за одбрана преку својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека во областа Авашин, во северен Ирак, по активностите за извидување и набљудување забележани се двајца терористи на ПКК.

Во реализираната воздушна операција двајцата терористи се неутрализирани.

Во соопштението, исто така, се истакнува дека операциите на турските сили ќе продолжат сè додека биде неутрализиран и последниот терорист.

Терористите на ПКК често се засолнуваат во северен Ирак за да планираат прекугранични терористички напади во Турција.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.