Yılmaz Kazandıoğlu
02 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
ХАКЌАРИ (АА) - Најмалку тројца турски војници загинаа и тројца се ранети во судири на безбедносните сили и терористите на ПКК во местото Чукурџа, недалку од југоисточниот град Хакќари, јавува Anadolu Agency (AA).
АА од безбедносни извори дозна дека терористите на ПКК се обиделе да влезат во воената база недалку од планината Гувен, во близина на Хакќари.
Во таа прилика дојде до судири меѓу терористите и безбедносните сили, во кои загинаа најмалку тројца војници, а двајца се ранети.
Се дознава исто така дека за време на антитерористичката акција во овој регион се убиени најмалку седум припадници на терористичката организација ПКК, додека девет се ранети.
Антитерористичката акција во околината на Хакќари продолжува.