Yılmaz Kazandıoğlu,Nevzat Taş
29 Октомври 2016•Ажурирај: 30 Октомври 2016
ХАКЌАРИ (АА) - Во нападот на членовите на терористичката организација ПКК со минофрлачи во областа Чукурџа на Хакќари во Турција, загинаа 3 војници, а 5 се повредени од кои едниот е во тешка состојба, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од безбедносните извори, терористите на ПКК извршија напад со минофлрачи врз безбедносните сили на планината Хисар.
Во нападот загинаа 3 војници, додека 5 се повредени, од кои едниот е во тешка состојба.
Операцијата започната од страна на безбедносните сили во регионот против терористичката организација продолжува.