Didar Yüsra Dilruba Öz
29 Октомври 2016•Ажурирај: 30 Октомври 2016
ИЗМИР (АА) - Денеска се уапсени се 12 осомничени лица на терористичката организација ПКК во турската западна област Измир, соопштија безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата доби информација дека осомничените терористи се подготвувале денес за време на прославата на Денот на Република Турција да ги нападнат безбедносните сили со импровизирани експлозивни уреди, велат безбедносните извори, кои зборуваа под услов на анонимност.
Постои можност подготовките за нападот да се поврзани со апсењето на градоначалничката на Дијабакир, Ѓултан Кишанак, велат безбедносните извори.
Градоначалничката на најголемиот турски југоисточен град беше уапсена во четвртокот како дел од истрагата против тероризмот.
Во соопштението издадено во средата од канцеларијата на јавниот обвинител на Дијабакир се вели дека градоначалничката била уапсена под обвинение дека е „член на вооружена терористичка група”.
Исто така, за време на операцијата во Измир биле пронајдени и материјали за правење на бомби, додаваат безбедносните извори.
Според полициската станица во Анкара, шест членови на ПКК и шест членови на ДЕАШ биле уапсени во друга операција во Анкара.
ПКК – којашто се наоѓа на листата на терористички организации од страна на Турција, САД, и ЕУ – во јули 2015 година ја продолжи својата 30-годишна оружена кампања против Турција.
Оттогаш, загинаа повеќе од 700 припадници на безбедносните сили, а убиени се речиси 8.000 терористи на ПКК.