Kemal Karadağ
29 Октомври 2016•Ажурирај: 30 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - По повод 29 октомври, Денот на Република Турција, маузолејот на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, денес го посетија голем број на граѓани од сите делови од Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата на одбележување на националниот празник, Денот на Република Турција започна со посета на државниот врв на чело со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на маузолејот Мустафа Кемал Ататурк, во Анкара.
Голем број на граѓани од сите делови на Турција во чест на првиот претседател на Република Турција положија венци.
Инаку 29 октомври, Денот на Републиката, е обележан со различни манифестации ширум Турција, а во многу градови се организирани прошетки и собирања на градските плоштади и улици. Во фокус на манифестацијата и обраќање на турските официјални лица е 15 јули, обидот за државен удар во оваа земја извршен од страна на терористичката организација ФЕТО.
Секоја година, Турција го одбележува Денот на Републиката, 29 октомври, во знак на сеќавање на 1923 година кога е прогласена републиката.
Републиката ја прогласи Мустафа Кемал Ататурк, од кога Турција и официјално се нарекува Република Турција. Големото народно собрание на Република Турција потоа со гласање го избра Ататурк за прв претседател на Република Турција.