Muhammed Ali Gürtaş
29 Октомври 2016•Ажурирај: 30 Октомври 2016
АНКАРА (AA) - По повод 29 октомври, Ден на Република Турција, денес во главниот град на Анкара е отворена новата железничка станица за брзи возови, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата на отворањето присуствуваа претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган,претседателот на парламентот Исмаил Кахриман и премиерот Бинали Јилдирим, бројните турски функционери и голем број граѓани.
Според информациите од Државните железници на Турција, новата железничка станица има капацитет од 50 имјади патници на дневна база. Објектот на железничката станица, во која е инвестирано 235 милиони долари и кој е направен за две години, вклучува и 134 хотелски соби и околу 200 работни простории за изнајмување.
Новата станица се наоѓа во непосредна близина на центарот на градот а под зградата се наоѓаат и паркинг центри со капацитет од 900 возила.
Новата железничка станица во главниот град Анкара е еден во низата проекти кои Турција ги постави како цел да бидат реализирани до 2023 година, односно за 100 години од основањето на Република Турција.
Во обраќањето на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган на собраните граѓани на церемонијата на отворањето, во фокусот беше борбата против терористичката организација ФЕТО, која е одговорна за обидот за државен удар кој се случи на 15 јули.
„ (Во рамките на Турција) Не признаваме било која друга државна структура освен Република Турција. Како што е паралелната држава, ФЕТО", рече Ердоган и постави прашање што лидерот на ФЕТО бара во Пенсилванија во САД, зошто не се врати и од што се плаши.
Нагласи дека 15 јули, обидот за државен удар, за Турција беше прилика јасно да биди кој во оваа држава е вистински пријател, а кој не.
„Нас повеќе ништо не ни значи лажниот јазик на дипломатија ниту лажната лицемерна насмевка. Ние само гледаме кој е со нас, кој ни пружа рака и кој ни го отвора своето срце во тешките моменти за нашата земја и народот", беше пораката на претседателот Ердоган.