Ferdi Türkten
30 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Со одлука на Владата на Република Турција, која во тек на вонредна состојба има тежина на закон, затворени се најмалку 15 медиумски тела, поради поддршка на терористичките организации и активности кои ѝ штетат на националната безбедност, јавува Anadolu Agency (AA).
Според одлуките, кои со објавување во Службен весник стапија на сила, забранета е работата на 15 медиуми, меѓу кои има агенции, весници и списанија.
Меѓу медиумите, кои се затворени поради поддршка на терористичките организации и активности, кои ѝ нанесуваат штета на националната безбедност на земјата, се наоѓаат и новинската агенција „Диџле“, новинската агенција „Јин“, „ Озѓур Ѓундем“, потоа весниците „Азадија Велат“, „Јуксекова Хабер“, „Батман Чадаш“, „Џизре Постаси“, „Идил Ибаер“, „Ѓунеј Експрес“, „Престј Хабер“, „Уфранатик“, „Глас Кизилтепе“, „Тирок“, „Евресел Култур“ и „Озѓурлук Дуњаси“.
Исто така, во денешниот Службен весник објавени се и одлуките за суспендирање на 10.131 вработени во јавниот сектор, поточно вработени во одредени министерства и јавни управи.