Elif Ferhan Yeşilyurt
29 Октомври 2016•Ажурирај: 30 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Направена е специјална коерографија по повод 29. октомври, денот на Република Турција на „Новиот аеродром во Истанбул, јавува Aandolu Agency (AA).
Според изјавата на менаџментот на фирмата ИГА, која го гради новиот аеродром во Истанбул, вработените направиле коерографија сo конвој од 108 камиони за денот на Републиката.
Вработените на најголемиот аеродром во историјата на Турција го прославија денот на Републиката подготвувајќи специјално видео. Во видеото кое го сподели ИГА на својот профил (@igairport) на социјалните мрежи, може да се види бројот 93, што означува 93 години Република Турција, испишан со 108 камиони на простор од 36 илјади 800 метри квадратни.
„Нашите инженери, шофери и нашите работници го дадода најважниот пример за единство и солидарност на овој посебен ден. Работниците, кои секојдневно го покажуваат трудот, упорноста и доблеста, како што тоа и прилега на Турција, за денот на републиката подготвија една кореографија. Остваруваме еден проект, кој е меѓу најважните во светот. Горди сме што со посветеноста и приврзаноста на вработените, овој проект ќе го круниса името на нашата република“, изјави менаџерот на ИГА, Јусуф Акчајоглу.