Arife Yıldız Ünal
16 Март 2017•Ажурирај: 17 Март 2017
АНКАРА (АА) - На отворено море кај Либија денес потона товарен брод под знамето на Република Турција, при што исчезнаа седум членови на екипажот, а шест успеале да се спасат, јавува Anadolu Agency (AA).
Според достапните информации, започната e потрага по исчезнатите членови на екипажот.
Во соопштението на Министерството за сообраќај, поморство и комуникации се наведува дека денес на отворено море кај Либија, поради лошите временски услови потонал товарен брод кој од Истанбул во Либија вршел транспорт на мермерна прашина.
Се додава дека досега се спасени шест членови на екипажот, додека по седум членови сè уште се трага.
Во потрагата се вклучени три реморкери, брод на Поморската управа на Либија и еден воен брод.