Mehmet Yavaş
17 Март 2017•Ажурирај: 18 Март 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во обид за илегален премин од Турција на грчкиот остров Лезбос, фатени се 50 Пакистанци, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициските екипи на теренот извршија акција на подрачјето на селото Ѓулпинар, во Чанаккале, и фатија 50 Пакистанци. Илегалните мигранти се обидоа да преминат во Грција.
По обезбедувањето на потребната документација, странските државјани ќе бидат предадени на Центарот за депортација во Ајваџик.