Çiğdem Münibe Alyanak
27 Мај 2020•Ажурирај: 27 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Чигдем Алјанак -
Турскиот брод за сондажа на 29 мај ќе заплови во Црното Море, каде што ќе работи на операциите за дупчење, а пред да дојде до тоа, направени се потребните технички подготовки за сѐ да протече според планот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Се работи за бродот „Фатих“, првиот турски брод за дупчење, чија должина изнесува 229 метри, широчина 36 метри и тежина 51.283 бруто-тони. Долг е речиси колку и Ајфеловата кула.
По дупчењето во Источниот Медитеран, бродот на 10 април пристигна во Истанбул и заплови во пристаништето „Хајдарпаша“, а сега е усидрен во водите Ахиркапа и го чека денот кога ќе исплови.
Пред да започне со активностите за дупчење во Црното Море, извршени се сите потребни технички подготовки за да се обезбеди негово поминување низ Босфорот. Бродот би требало да заплови во Црното Море на 29 мај, точно на 567-годишнината од освојувањето на Истанбул.
Бродот за дупчење „Фатих“ е направен во Јужна Кореја во 2011 година, а поседува врвна технологија на шестата генерација.
Во процесот на неговата надоградба се обновени техничките компоненти, вклучувајќи ги опремата за дупчење, системот за управување со бушотини, динамичките системи за позиционирање, бродските пропулзори и бродските генератори.
Се работи за брод кој во својата класа од 16 е сместен меѓу петте најдобри бродови за дупчење на светот.
Турскиот брод за дупчење поседува способност да извршува дупчење на морското дно под многу висок притисок на длабочина поголема и од најдлабокиот морски базен Маријана, најдлабоката точка на светот, што се наоѓа на длабочина од 12.200 метри.
Неговото постројување за дупчење е долго 64 метри, а носивоста на двете такви постројувања изнесува 1.750 тона.
Благодарение на системот за позиционирање, бродот може непречено да извршува операции дури и кога морските бранови достигнуваат висина и до шест метри.
Развојот на нови технологии и техники на истражување, дупчењето и производството на јаглеводороди во доцниот 19 век до денес, овозможија откривање на нафтени и гасни полиња во крајбрежната област.
Правењето на бушотини во големите морски длабочини е можна со единствената примена на полупотопни платформи или бродови за дупчење.
Бродовите за дупчење се, како што името ги опишува, пловила опремени со технологија за дупчење на конвенционалниот труп. Во споредба со полупотопната платформа, овој брод е подвижен, односно ја менува својата локација побрзо и побезбедно благодарение на својот погон и геометрискиот облик на трупот, има поголем капацитет за складирање на променлив товар, поголем волумен на резервоари за складирање и со тоа и можност за складирање.
Цената на дневно изнајмување на бродови за дупчење е повисока од цената за изнајмување полупотопни платформи и ги прави најскапи постројувања во нафтената индустрија. Во текот на 2014 и 2015 година, просечната дневна цена за изнајмување на овие бродови низ светот беше нешто над 600.000 американски долари на ден, а во 2017 година нешто повеќе од 400.000 американски долари.
Првиот апарат за дупчење „CUSS 1“ е изграден во 1956 година во партнерство со четири компании, Континентал, Унион, Шел и Супериор. Бродот е создаден со повторување и обработка на поморската баржа користена во Втората светска војна.
Бродот „CUSS 1“, долг 79,2 метри со ширина од 14,6 метри, беше опремен со четири ротирачки пропелери, експериментална опрема за дупчење во длабоко море и систем за динамично позиционирање, а во првата операција во Ла Јола, Калифорнија, успеа да ја одржи својата позиција над бунарот на длабочина од 948 метри.