Турција

За заштита на животната средина Турција лани потроши 4,39 милијарди долари

- 59 отсто од трошоците за заштита на животната средина се направени од финансиски и нефинансиски друштва, 32,8 отсто од Владата и непрофитните организации кои го опслужуваат општеството и 8,2 отсто од страна на домаќинства.

Sevgi Ceren Gökkoyun  | 27.10.2021 - Обновена : 28.10.2021
За заштита на животната средина Турција лани потроши 4,39 милијарди долари

АНКАРА 

Во Турција, трошоците за заштита на животната средина се зголемени за 8,9 отсто на годишна основа во 2020 година и изнесуваат 4,39 милијарди долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Турскиот институт за статистика (ТУИК) ја објави статистиката на трошоците за заштита на животната средина за 2020 година.

Според овие податоци, трошоците за заштита на животната средина се зголемени за 8,9 отсто во однос на претходната година и лани изнесуваа 4,39 милијарди долари.

Притоа, 59 отсто од трошоците за заштита на животната средина се направени од финансиски и нефинансиски друштва, 32,8 отсто од Владата и непрофитните организации кои го опслужуваат општеството и 8,2 отсто од страна на домаќинства.

Од овие трошоци, 54,4 отсто се за услуги за управување со отпад, 31,4 отсто за услуги за управување со отпадни води, 4,3 отсто за заштита на биолошката разновидност и околина и 3,2 отсто за заштитата на почвата, подземните и површинските води и подобрување на квалитетот, и 6,7 отсто на други теми за заштита на животната средина.

- Инвестициските трошоци за заштита на животната средина изнесуваат 820,7 милиони долари

Од инвестициските трошоци за заштита на животната средина, 81,9 отсто кои се зголемени за 21,5 отсто во однос на претходната година и изнесуваат 820,7 милиони долари, се од финансиски и нефинансиски друштва, а 18,1 отсто се од непрофитни организации кои им служат на Владата и општеството.

За услуги за управување со отпад во Турција се потрошени 368,5 милиони долари, за услуги за управување со отпадни води се потрошени 305,4 милиони долари, додека за заштита на животната средина во други области се потрошени 136,8 милиони долари.

Додека односот на трошоците за заштита на животната средина во бруто-домашниот производ во 2019 година изнесуваше 0,9 отсто, тој во 2020 година изнесуваше 0,8 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.