Турција

Аеродромот „Истанбул“ ја доби наградата за најдобар аеродром во Европа

Аеродромот „Истанбул“, пуштен во употреба во октомври 2018 година, има капацитет од 95 милиони патници годишно.

Tuba Şahin  | 27.10.2021 - Обновена : 28.10.2021
Аеродромот „Истанбул“ ја доби наградата за најдобар аеродром во Европа

АНКАРА (АА) - Аеродромот „Истанбул“ освои награда за најдобар аеродром за неговата водечка позиција меѓу центрите на европскиот континент, соопшти Меѓународната асоцијација на аеродроми во Европа (ACI), јавува Агенција Анадолија (АА).

„Доделувајќи ја наградата во категоријата „над 40 милиони патници“, судиите го опишаа „Истанбул“ како современ аеродром кој поддржува ефикасно работење и нуди врвен квалитет на услуги за патниците и засегнатите страни на аеродромот“, се вели во соопштението на Меѓународната асоцијација на аеродроми во Европа (ACI).

АЦИ Европа го пофали одговорот на турскиот мегааеродром на Ковид-19 за целосната употреба на најновата технологија за да им понуди најдобра здравствена безбедност на своите патници, додавајќи дека Аеродромот „Истанбул“ е првиот во светот што добил здравствена акредитација од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI).

„Аеродромот, исто така, придонесе за исклучителниот развој на сообраќајот на Турција, при што воздухопловниот сектор во земјата се покажа како најотпорен од сите за време на пандемијата“, се вели во соопштението на АЦИ Европа.

Аеродромот во Истанбул стана најпристапен аеродром во Европа со поставени иновативни решенија за пристапност, како што е пристапната рута, во комбинација со апликацијата „Звучни чекори“ (Loud Steps), која во еден ред се состои од тактилна поплочена површина која им помага на слепите патници со бастуни да стигнат до својата дестинација на терминалот.

Напорите на aеродромот да понуди можност за комуникација и да се побара помош на аеродромот на знаковен јазик, како и неговата употреба во обезбедувањето информации за мерките за здравје и безбедност и други информации на веб-страницата на аеродромот беа исто така пофалени од АЦИ Европа.

Аеродромот „Истанбул“, пуштен во употреба во октомври 2018 година, има капацитет од 95 милиони патници годишно.

Со сите четири фази завршени до 2028 година, ќе може да се пофали со капацитет од околу 200 милиони патници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.