Faruk Hanedar
27 Април 2026•Ажурирај: 27 Април 2026
Поради забраната за користење на турскиот воздушен простор, израелскиот претседател Исак Херцог беше принуден да патува дури осум часа до Казахстан, по траекторија што значително го продолжи неговиот лет, пренесува Анадолу.
Израелскиот „Канал 12“ објави дека авионот на Херцог морал да следи алтернативна траекторија за да го избегне воздушниот простор на Турција.
Во веста се наведува дека за да се избегне прелетот над Турција, авионот со кој патувал Херцог летал преку Европа и Русија, при што му биле потребни 8 часа за да стигне до Казахстан.
Во меѓувреме, израелскиот претседател преку објава на својот профил на американската платформа за социјални медиуми Х потврди дека успешно слетал во главниот град Астана, каде што ја започнува својата официјална посета на Казахстан.