Michael Gabriel Hernandez
27 Октомври 2021•Ажурирај: 28 Октомври 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот сенат го одобри именувањето на поранешниот сенатор Џеф Флејк за нов амбасадор на Соединетите Американски Држави (САД) во Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
Изборот на поранешниот пратеник од Аризона е одобрен со гласање по прифаќањето на номинацијата на Флејк од страна на Комисијата за надворешни односи на Сенатот на 19 октомври.
Флејк ќе го замени амбасадорот во заминување Дејвид Стерфилд.
Предложен во средината на јули, Флејк беше клучен републикански сојузник на Бајден за време на минатогодишната трка за Белата куќа и го поддржа тогашниот кандидат на Демократската партија, откако се наметна како републиканец кој беше долго време во спор со поранешниот претседател Доналд Трамп.
Флејк беше член на Комисијата за надворешни односи на Сенатот за време на неговата речиси дведецениска служба во Конгресот на САД.