свет

Поради страв од киднапирање 12 милиони деца во Нигерија не одат на училиште

Генералниот секретар на нигерискиот претседател рече дека зголемените напади врз државните училишта може да имаат катастрофални последици врз образовниот систем

Adam Abu-bashal  | 27.10.2021 - Обновена : 29.10.2021
Поради страв од киднапирање 12 милиони деца во Нигерија не одат на училиште

АБУЏА (АА) - Во западноафриканската држава Нигерија, поради стравот од киднапирање 12 милиони деца не одат на училиште, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Ибрахим Гамбари, генералниот секретар на нигерискиот претседател Мухамед Бухари, присуствуваше на 4. Меѓународна конференција за Декларација за безбедни училишта.

Гамбари, на конференцијата, говорејќи во име на претседателот Бухари, рече дека зголемените напади врз државните училишта, особено во северните делови на земјата, може да имаат катастрофални последици врз образовниот систем.

Истакнувајќи дека во земјата над 12 милиони деца се плашат да одат на училиште поради стравот од киднапирање, Гамбари рече: „Морам да ви кажам дека е тешко да се справите со овие безбедносни проблеми и нивните ефекти, особено за девојчињата.“

Гамбари истакна дека Владата ќе продолжи да прави сè за да постигне доволен успех во образовниот сектор.

- Поголемиот дел од киднапираните ученици се ослободени во замена за откуп -

Чуквуемека Наџуба, државен министер за образование, изјави дека нападите врз државните училишта се зголемени.

Истакнувајќи дека повеќето од учениците киднапирани во нападите се ослободени во замена за откуп, Наџуба рече дека во повеќето случаи учениците што се спасени се истрауматизирани.

Во државите Бенуе, Кадуна, Плато, Кацина и Замфара, во последните месеци киднапирани се ученици од повеќе училишта.

Многу училишта мораа да ја прекинат наставата поради нападите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın