Eda Özdener
26 Септември 2022•Ажурирај: 26 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Мехмет Акјол, со кодно име „Доган Аманос“, наводно одговорно лице на првата линија на Ајн Иса на терористичката организација ПКК/ЈПГ, беше неутрализиран во операцијата организирана од МИТ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од безбедносните извори, за Акјол имало налог за апсење поради неговите активности против безбедносните сили во селата Аманос и Ван во Хатај. Акјол бил следен од страна на МИТ.
Од политичките формации поврзани со терористичката организација ПКК Акјол бил испратен на обука во Кандил во северен Ирак. Учествувал на политички обуки координирани од Џемил Бајик, еден од водачите на организацијата, и учествувал во акции организирани од ПКК со цел спречување на воените операции против кадрите на организацијата.
Мехмет Акјол имал судири со турските безбедносни сили во руралните области Ван и Аманос и има отворено провокациски оган кон полициските станици. Тој продолжи со своите терористички активности во камповите на ПКК откако од страна на терористичката организација ПКК беше испратен во Ирак.
Акјол, кој од неодамна беше наводно одговорно лице на првата линија на Ајн Иса на ПКК/ЈПГ, беше неутрализиран во операцијата организирана од МИТ.