Ekipa
10 Април 2018•Ажурирај: 11 Април 2018
АНКАРА (АА) - Припадниците на Националната разузнавачка служба на Турција (MIT), по антитерористичката операција во Габон, Африка, донесоа во Турција тројца челници на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Во операцијата на МИТ фатени се Осман Озпинар, Ибрахим Акбаш и Аднан Демиронал.
Откако со авион се пренесени од Либревил, беа предадени на надлежните турски правосудни органи.
Кај споменатите припадници на ФЕТО/ПДЈ пронајдени се документи, 20.800 американски долари, 12 милиони централноафрикански франци (околу 18.000 евра) и разни електронски уреди за комуникација.
Новинарот на АА дознава дека постои налог за апсење на Озпинар поради членување во вооружена терористичка организација.
Озпинар ја вршел функцијата директор на Меѓународното турско-габонско училиште во Либревил. Од мај 2017 година е генерален директор и координатор за образование во организацијата „Light Academy“, која делуваше во Кенија.
Утврдено е дека тој ја користел апликацијата „ByLock“ (Бајлок), систем за тајно комуницирање.
Како и за Озпинар, турските органи, поради членување во оружена терористичка организација, трагаа и по Демиронал.
Тој беше на функцијата директор во образовните институции на ФЕТО/ПДЈ во Габон.
Од истата причина, беше издадена потерница и за Акбаш кој вршел финансиски трансакции од Европа кон Африка, додека бил на функцијата директор на училиште.