Soner Aksakal
26 Септември 2022•Ажурирај: 27 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Општина во централна Туркије започна проект во рамките на кој отпадните материјали ги претвора во убави декоративни предмети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Властите во Општината Ѓолбаши го претвораат отпадниот материјал, како што се гуми и буриња што ги наоѓаат во депонија, во декоративни предмети што можат да се користат во парковите и градините.
Ѓолбаши е округ на областа Анкара во регионот на централна Анадолија во Туркије.
Шефот за комунална хигиена на Општината Ѓолбаши, Изет Јигит, рече дека предметите произведени во рамките на проектот ќе ги изложат во локалните паркови. Тој истакна дека нивната цел е да ја зголемат свеста на граѓаните и јавноста за отпадните материјали и значењето на рециклирањето.
„Нашата цел е да ги направиме нашите луѓе посвесни и почувствителни за намалување на отпадот“, рече Јигит.
Рециклирањето е процес на одвојување на отпадните материјали и негова повторна употреба во исти или слични цели.
Процесот вклучува собирање, вадење, преработка и изработка на нови производи од користени работи и материјали.
Важно е да се одвои отпадот по тип затоа што многу отпадни материи можат да се користат повторно доколку се соберат одделно. Сè што може повторно да се искористи, а да не се фрли, е рециклирање.