Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
30 Ноември 2016•Ажурирај: 30 Ноември 2016
АЛЕПО (AA) - Халит Сулејман
Разорениот и уништениот Алепо, кој од 15 ноември е под жестоки бомбашки напади, ги сними екипата на Anadolu Agency (AA).
Војната го разори главниот град Дамаск но и економскиот центар Алепо, еден од најголемите и најстарите градови во Сирија. Во него е уништено светското културно наследство кое е под заштита на УНЕСКО а раселени се милиони сириски државјани.
Пред воените дејствија во Алепо живееја околу три милиони граѓани, повеќето Арапи. Околу 400.000 од популацијата ја сочинуваа Туркмените, 200.000 Курди.
Војната во Сирија започна 2011 година, а по година дена со големи воени дејствија беше зафатен и центарот на Алепо. Само во неколку недели сириската опозиција истиочниот дел од градот го стави под контрола.
Екипата на АА влезе и ги сними населбите Сеар, Енсари, Тарик ел-Баб, Мујесир и Сукери на истокот на Алепо од кои останаа само урнатини. Бомбардирањето на Алепо започна уште 2012 година, меѓутоа од ноември месец овие напади станаа поинтензивни и жестоки како никогаш порано.
Она што екипата на АА можеше да го види во Алепо се уништените улици, куќи, џамии, училишта ... Во текот на снимањето во Сеад во Алепо и екипата на АА се најде на мета на новите бомбашки напади.
Успеаја да се спасат и да го продолжат патот кон втората населба во Алепо. Во местата кои ги посетија не сретнаа многу луѓе на патиштата. Според оноа што го видоа само можеа да речат дека Сукери е срамнет со земја.
Во некои населби граѓаните не се сложија да дадат изјави од како што рекоа, безбедносни причини. Новинарот на АА Абу Џемал, инаку од Алепо, доживеа помала несреќа во текот на снимањето на овој уништен сириски град.
„Дворовите и парковите кои едно време беа места каде децата играа денеска се најладните места, рече Ебу Џемаил, новинар на АА од Алепо. Според неговите зборови, на секој чекор наоѓале само урнатини.
Во текот на 14 дена бомбардирање на истокот на Алепо загинаа повеќе од 650 цивили.