Gamze Türkoğlu Oğuz
05 Септември 2019•Ажурирај: 08 Септември 2019
АНКАРА (АА - Главниот град на Тајланд, Бангкок, стана најпосетен град во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Компанијата за финансиски услуги „Мастеркард“ (Mastercard), со седиште во Соединетите Американски Држави (САД), базирајќи се на податоците од 2018 година го објави индексот за градот кој бил најмногу посетен од странски туристи низ светот.
Бангкок минатата година бил посетен од околу 23 милиони меѓународни туристи.
На оваа листа на најмногу посетени градови се вклучени 200 градови, на чело со Банкгог, по кој следуваат Париз, со 19,1 милион странски посетители, Лондон со 19,09 милиони странски посетители, Дубаи со 15,9 милиони странски посетители, Сингапур со 14,6 милиони странски посетители, Куала Лумпур со 13,7 милиони странски посетители, Њујорк со 13,6 милиони странски посетители, Истанбул со 13,4 милиони странски посетители, Токио со 12,9 милиони странски посетители и Анталија со 12,4 милиони странски посетители.
Листата е подготвена врз основа на информациите добиени од различни извори како Светскиот совет за патувања и туризам и Меѓународното здружение за воздушен превоз.