Турција

Историското гратче Харан секоја година привлекува илјадници туристи

Од 6000 години пред нашата ера до ден денес Харан е постојано населено место. Еден период бил главен град на Асирците и Омејадите...

Halil Fidan  | 22.04.2019 - Обновена : 24.04.2019
Историското гратче Харан секоја година привлекува илјадници туристи

ШАНЛИУРФА (АА) – ХАЛИЛ ФИДАН - Гратчето Харан, најстарата населено подрачје во Шанлиурфа, Турција, кое се наоѓа на привремената листа за светско наследство на УНЕСКО, го посетуваат голем број туристи. Секако, за големата посетеност влијае и „Годината на Гобеклитепе“, пишува Anadolu Agency (AA).

Од 6000 години пред нашата ера до ден денес Харан е постојано населено место. Еден период бил главен град на Асирците и Омејадите. Во Харан, покрај домовите со конусна купола и историските места, посетителите доаѓаат и поради локалната облека. 

Поради урнатините на првиот исламски универзитет и Големата џамија која датира од периодот на Омејадите, историската област секоја година е домаќин на илјадници и странски туристи. Со започнувањето на туристичката сезона, бројот на туристите се зголеми наеднаш. 

Голем број посетители областа Харан ја посетуваат пред почетокот на летото, кога времето е свежо и убаво, а тоа пак, ги насмевнува лицата и на месните жители и на лицата од туристичкиот сектор. 

Посетителите, покрај центарот на Харан, го посетуваат и „Античкиот град Шуајип“, кој се наоѓа во северниот дел од областа, во кој се смета дека живеел пратеникот Шуајб и тука се среќавал со пратеникот Муса (Мојсеј). Туристите во областа, исто така, имаат можност да ги видат пештерите Базда, Керван-сарајот Хан ел-Барур и античкиот град Согматар. 

Некои од посетителите, откако ќе го прошетаат подрачјето на Харан, патуваат до градот Мардин преку таканаречениот „туристички пат“. 

- „Имаме богата туристичка сезона“ -

Махмут Кизил од туристичкиот сектор во Харан, во изјавата за АА рече дека благодарение на домовите со конусна купола туризмот во Харан од ден на ден расте. 

„Оваа година, со доаѓањето на пролетта, стигнуваат поголем број туристи од тоа што очекувавме“, рече Кизил и додаде: 

„Харан се наоѓа на привремената листа на светско наследство на УНЕСКО. Поради тоа е познат и дома и во странство. Оваа година и со влијанието на „Годината на Гобеклитепе“ туризмот е во пораст. Дури и во работните денови дневно доаѓаат 80 автобуси во Харан. Сезоната е многу богата. Од време на време имаме потешкотии да излеземе во пресрет на побарувачката, но тоа нас нè прави среќни. Голем број од посетителите се од внатрешноста. Но, оваа година поради „Годината на Гобеклитепе“ очекуваме да стигнат и голем број странски туристи. Хотелите во областа се полни. Дирекцијата за култура и туризам ги реставрира куќите со конусна купола и ги претвора во хотели. Ова е многу значаен потег. Се надевам дека ќе продолжи до крајот на годината“. 

Камил Туркмен, претседател на Комитетот за туризам при трговската и индустриската комора и туристички водич, нагласувајќи дека Шанлиурфа има голем туристички потенцијал, рече дека благодарение на прогласувањето на „Годината на Гобеклитепе“ туристичката сезона станала уште побогата.

- „Секој што доаѓа во Шанлиурфа, го посетува и Харан“ -

„Посетителите доаѓаат во градот и поради различните карактеристики сакаат да го посетат и Харан“, рече Туркмен и додаде:

„Туристичката сезона во Шанлиурфа во периодот април - мај е најбогата, но поради тоа што Рамазан паѓа во месец мај, поголемиот број туристи почнаа да доаѓаат во април. Затоа имаме голем број туристи. Се надевам дека ова ќе продолжи и во мај. Историскиот град Харан, го добива својот дел од туристичкиот колач. Без исклучок, сите што доаѓаат во Шанлиурфа, го посетуваат и Харан, кој стана центар за туристите. Но, потребно е да се изгради солидна инфраструктура за овој центар. Во последно време се прават многу добри работи. Нас многу нè прави среќни тоа што се уриваат бетонските згради во историската област. И гостите кои доаѓаат во Харан се задоволни од тоа. Многу им се допаѓаат овие места“. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.