ИСТАНБУЛ (АА) - Разузнавачката служба на Република Турција (МИТ) во соработка со косовската разузнавачка служба, спроведе успешна антитерористичка акција и зададе тежок удар на структурите на ФЕТО на Балканот, кои, меѓу останатото им помагале на припадниците на ФЕТО од Турција да бегаат во европските земји и САД, јавува Anadolu Agency (AA).
МИТ во четвртокот, 29 март, изврши операција против терористичката организација ФЕТО/ПДЈ во Косово и во Турција со авион префрли шест претходно пребегнати истакнати членови на таа организација, Џихан Озкан, Кахраман Демирез, Хасан Хусеин Ѓунакан, Мустафа Ердем, Осман Каракаја и Јусуф Карабина.
Криминалистичката обработка на осомничените се извршува во Истанбул, а ги испитуваат припадниците на полицискиот оддел за борба против тероризмот. За уапсената група е формиран специјален истражувачки тим, а истрагата се врши во координација со МИТ. Во тек е дел од истрагата во рамките на која истражниот тим ги утврдува контактите на осомничените на подрачјето на Турција, како и нивните позиции во терористичката организација.
Се наведува дека осомничените, освен активностите во земјите на Балканот, организирале и бегство на припадниците на ФЕТО од Турција во европските земји и во САД.
Безбедносните единици открија дека Озкан ги организирал парите на донации кои биле собирани во земјите на Балканот и ги доставил до лидерите на организацијата во Пенсилванија.
Демирез одговорен за младинската структура на оваа организација во Косово, работел активно во балканските земји и играл улога во учеството на голем број лица во оваа организација.
Ѓунакан кој беше донесен во Турција по операцијата на МИТ, беше познат како лидер одговорен за наставниците во училиштата на оваа структура во регионот.
Другите имиња биле високи претставници одговорни во различни институции и структури на ФЕТО/ПДЈ на Балканот.
Исто така, се вели дека Осман Каракаја имал активна улога во судскиот процес „Ергенекон", и во овој период за кој станува збор, подготвил извештаи во полза на ФЕТО/ПДЈ во Институтот за судска медицина. Поради оваа причина, тој добил плакета од страна на лидерот на оваа терористичката органзиација, Фетула Ѓулен.
Обвинетиот Хабип Бостан, кој обвинет во врска со стуктурирањето на Институтот за судска медицина во 27. Врховен кривичен суд во Истанбул, и за кого е откриено дека користел „ByLock", дал упатства Осман Каракаја да влезе во овој институт. Исто така, откриено е дека името на Осман Каракаја се наоѓа во обвинението за стурктурата на судска медицина на оваа организација.
Името на Каракаја се наоѓа и во процесот „Ергенекон". Извештајот околу здравствената состојба на притворениот обвинет во вториот процес на „Ергенекон", поранешниот ректор на универзитетот „Башкент", проф. д-р Мехмет Хаберал, го изготвил Осман Каракаја. По извештајот за кој станува збор адвокатката на Хаберал, Дилек Хелваџи, во тоа време поднела кривична пријава до Главното обвинителство на Анкара против Каракаја поради потпишување на одлуката за скандалозен, непостоечки, и лажен извештај со обвинение за злоупотреба на функцијата.
Терористичка организација ФЕТО, во 1970-тите години почна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, по што во 1980-тите значително ги зајакна своите паралелни пирамиди во овие институции.
На 15 јули 2016 година, терористичката организација ФЕТО изврши неуспешен обид за државен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција.
Најмалку 249 лица загинаа при обидот за државен удар, додека илјадници други беа повредени. Турските надлежни институции водат опсежна истрага и судски постапки против терористичка организација ФЕТО и нејзините припадници.
news_share_descriptionsubscription_contact
