Lejla Bıogradlıja
08 Август 2017•Ажурирај: 08 Август 2017
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се состана со директорот на Турската разузнавачка служба (МИТ), Хакан Фидан, јавува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на српското Претседателство, на состанокот во главиот град на Србија се разговарало за безбедносните прашања на Турција и Србија.
Во ова соопштение се наведува дека претседателот Вучиќ истакнал оти двете земји се борат против терористичките закани како и против бегалската криза. Исто така, се истакнува дека Вучиќ и Фидан се согласиле дека одржувањето на ваквите средби меѓу Турција и Србија, која се наоѓа на бегалската рута, ги зајакнува билатералните односи.
Според сооштението, Вучиќ побарал од Фидан лично да му ја испрати поканата до турскиот петседател, Реџеп Таип Ердоган за доаѓање во Србија.
На средбата беше присутен и директорот на Агенцијата за безбедност и информации (БИА) на Србија, Братислав Гасиќ.