Sefa Şahin
23 Август 2023•Ажурирај: 24 Август 2023
АНКАРА (АА) - Турската разузнавачка служба (МИТ), во Сулејманија, Ирак, го неутрализираше Бекир Кина, терорист на терористичката организација ПКК, со кодно име „Бавер Ботан“, обучуван за изведување атентати врз припадниците на турската војска, полиција и разузнавачката структура, пренесува Анадолу.
Безбедносни извори информираа дека терористот на ПКК е неутрализиран во длабочина од 150 километри на ирачка територија, во подрачјето на Сулејманија.
Неутрализираниот терорист бил активен во Ирак и Иран, а според добиените информации, Кина планирал да ја премине турската граница по илегални патишта. Врз основа на оваа информација, изведена е прецизна акција на МИТ во која терористот Кина е неутрализиран.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и стари лица.