Burcu Arik
12 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Турската армија издаде соопштение во кое се вели дека турските воени авиони денес продолжиле да ги напаѓаат упориштата на ДЕАШ во северниот дел на Сирија, при што нападнати биле над 130 позиции, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската армија додаде дека воздушните напади се дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“.
„Во воздушните напади врз објекти на ДЕАШ, турските воени авиони погодија најмалку 138 позиции, вклучително и терористички засолништа и штабови“, соопштија Турските вооружени сили.
Денешните операции за борба против тероризмот се дел од кампањата што започна кон крајот на август, со цел да се расчисти северниот дел од Сирија од терористите.
Во рамките на операцијата, која трае веќе 111 дена, од терористите на ДЕАШ е расчистена територија од 1.800 квадратни километри во северна Сирија.