Aylin Sırıklı
12 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
АНКАРА (АА) – Во акцијата спроведена од страна на Министерството за внатрешни работи, во 11 градови се приведени 235 лица, за кои е утврдено дека биле вклучени во активности на терористичката организација ПКК/КЏК и ширеле терористичка пропаганда на социјалните мрежи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од министерството, спроведена е акција во 11 градови против терористичката организација ПКК/КЏК. Во спроведената акција се приведени 235 лица за кои е утврдено дека биле вклучени во активности на терористичката организација и ширеле терористичка пропаганда на социјалните мрежи.
Во акција во Сирт е фатено едно лице за кое е утврдено дека соработувало во име на терористичката организација ПКК/КЏК. Во Кајсери пак, приведени се 7 лица за кои е утврдено дека вршеле активности во рамките на младите структури на организацијата, како и дека ширеле терористичка пропаганда преку социјалните мрежи.
Во Измир се приведени 11 лица, за кои е утврдено дека ширеле пропаганда за ПКК/КЏК на социјалните мрежи, додека во Маниса се приведени 4 лица, за кои се тврди дека организирале активности и протести во име на организацијата, а меѓу нив и општинскиот претседател на Маниса, Ахмет Ерташ од ХДП и претседателот на помала општина, Абдулкадир Мург, исто така од ХДП. Во оваа операција беше запленета една ловџиска пушка.
Во акција во Хакќари се приведени 2 лица, за кои се тврди дека работеле во име на организацијата, а во Адана се приведени вкупно 20 лица, меѓу кои функционери на ХДП и ДБП во провинциските области. Во оваа акција се запленети 2 ловџиски пушки.
Во операцијата во Газиантеп се приведени 36 лица, за наводен активизам за организацијата, а меѓу нив функционери на ХДП и ДБП во провинциските области, а пак во Анкара се приведени вкупно 17 лица, меѓу кои, општинскиот претседател од ХДП, Ибрахим Биниџи.
Во Мерсин, приведени се вкупно 64 лица, со истото тврдење, а меѓу нив се функционери на помали општини од ХДП и ДБП.
Во Шанлиурфа се приведени 53 лица.
Во Истанбул, пак, приведени се 20 лица за наводно учество во активности на политичката структура на организацијата.