Faruk Zorlu
22 Септември 2020•Ажурирај: 23 Септември 2020
АДАНА (АА) - Пет терористи на ДЕАШ се уапсени во јужниот дел на Турција, соопштија полициски извори денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Антитерористичките полициски тимови во Адана започнаа операција на пет различни локации против шест припадници на терористичката организација ДЕАШ, кои извршуваат операции во Сирија“, истакнаа изворите, кои сакаа да останат анонимни.
„Пет од осомничените се уапсени“, додава изворот.
Во 2013 година Турција беше меѓу првите земји што ја ставија ДЕАШ на листата на терористички организации.
Земјата досега повеќепати беше цел на напади на ДЕАШ и тоа на најмалку 10 самоубиствени напади, седум бомбашки напади и на четири вооружени напади, во кои загинаа најмалку 315 луѓе, а стотици беа повредени.
Турските безбедносни сили спроведуваат одлучна борба против терористичката организација во земјата, како и надвор од неа.