Erdoğan Çağatay Zontur
16 Декември 2019•Ажурирај: 17 Декември 2019
КОЊА (АА) - Турската полиција приведе пет осомничени лица поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Приведувањата се извршени откако обвинителите во централната област Коња издадоа налози за приведување на 19 лица, осомничени дека биле „тајни имами" на ФЕТО (високи припадници на терористичката организација одговорни за членовите на ФЕТО инфилтрирани во вооружените сили), велат извори, кои зборуваа под услов да останат анонимни.
Потрагата по останатите осомничени е во тек.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.